MkGamers
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Half-Life 2 Related

+2
Vengeance
Velko
6 posters

Страна 2 of 2 Previous  1, 2

Go down

Half-Life 2 Related - Page 2 Empty Re: Half-Life 2 Related

Пишување  Velko Пон Ное 19, 2007 8:15 pm

Half-Life 2 Related - Page 2 02pres01_team_fortress_2
Team Fortress 2 излезе во пакетот „The Orange Box“ на 10ти Октомври. Ја имав можноста да ја играм BETA верзијата која не се којзнае колку разликува од финалната. Играва е од истиот жанр како и Counter-Strike Source со само една голема разлика а и воедно и проблемче. Team Fortress 2 нема ботови што значи строго online и L.A.N. play. Ви пишувам да ве запознаам со играта и да ви ја препорачам како една од најдобрите MP игри излезени. Зошто мислам така? Еве зошто:
Ептен првата Team Fortress 2 беше графички подобрена Team Fortress Classic. Според книгата што ја имам, таа верзија требаше да излезе заедно со Half-Life 2 и другите Source игри. Објавувањето беше откажано бидејќи тимот од VALVe добил нова идеја. Како што можете да погледате на сликата, стилот на играта е несекојдневен. Самите сме свесни дека секоја нова игра се труди да изгледа пореално од другите. Team Fortress 2 наликува како анимиран Pixar филм. Барем ја кога ја видов, веднаш помислив на тоа. Целата игра е во стил на анимиран филм. Концепт цртежите за карактерите се карикатури. Ликовите се крајно интересно дизајнирани и секој лик представува одредена земја (освен пироманот кој има маска и никој не го разбира, а камоли акцентот да му го препознае). Истото важи и за мапите. Може да се каже дека околината е секојдневна но текстурите потсеќаат на цртежи по ликовно но со голема резолуција (има текстури од по 1 MegaPixel).
Накратко да ве запознаам со ликовите и нивните оружја и способности. Ќе се послужам со фотката горе.

Од лево кон десно!

- Pyro или нашки Пироман е батката кој никој не го разбира. Арно е што има in-game text Smile. Просечно брз лик со просечен

капацитет на „крв“(по нашки). Ја често го користам овој лик. Има 3 оружја. Пламенофрлач, Сачмарка и Секира. Пламенофрлачот има краток домет но сепак е ефикасен. ако знаете да бидете досадни како мене и да трчате у круг околу „Русинот“, ќе го бутнете без проблеми. Недостатокот на овој лик е слабата ефикасност на пламенот врз авто-топовите изградени од инжињерите.

- Ingineer или нашки инжињер ја има способноста да конструира топови и телепортери. Има и сачмарка во случај на проблеми но во зависност колку е напреден топот, инжињерите обично имаат најмногу убиства. Исто така шетаат по мегданот и собират оружја од убиени играчи за залихи на метал за да можат да конструираат уште работи.

- Sniper - Снајперот е чисто камперски лик, ама па знае и да биде корисен. Користи снајпер (нормално), автоматска пушка и Пила. Дометот е неограничен и 1 куршум во главата е доволен (ако имате можност да фатите нишан). Проблемот е во тоа што снајперот е слаб во блиска пресметка. Наменет е строго за поддршка.

- Spy - шпиунот е прилично интересен лик. Има магнум, Електрошок апаратче, џебен нож и маскирање. Единствениот лик со 4 оружја/направи. Ја има способноста Привремена Невиднивост што е крајно корисна. Сите се плашат од добар шпиун! ако ножот го забие во нечиј грб, батката веднаш паѓа. Па и да е русинот. Ако ја употребите способноста за маскирање, соиграчите ќе ве гледаат како шпиун со маска на лицето, а непреијателите ќе ве гледаат како соиграч.

- Heavy - ја го викам русинот бидејќи зборува со руски акцент. Баткава е карикатура не ќелав терминатор 2. Пакува рачен топ,
сачмарка и за блиска пресметка ги користи рацете. има најголем капацитет на крв и заедно со докторот во одредени моменти се
совршена комбинација! се користи за напад и за одбрана. Недостатокот е бавното движење.

- Demoman - користи 2 типа на гранати и шише виски Smile (Стварно!) првиот тип се стандардни гранати со преодреден универзален
тајмер на пукање додека другите се активираат со десниот клик на глушецот. Ретко го користам овој лик бидејќи не ми се допаѓа
идејата дека неможам целосно да го контролирам оружјето.

- Medic е германски доктор воедно и најкорисниот лик бидејќи ја има способноста да лечи. Ако дојде до исполнување на специјаноста на пушката за лечење, докторчето може да направи соиграч неранлив во временски период од 10+- секунди. Ако се стават во комбинација докторот и Русинот, можете да замислите што ќе се случи Smile.

- Scout е младо американче. Иако е офанзивен лик, сепак е слаб. Предностите му се двојната брзина на движење, двојниот скок и побрзото заземање на објективи за разлика од другите. Често го користам овој лик. Има Сачмарка, пиштолче и Безбол палка која е крајно ефикасна. Бутнав русин со палката! Иако има мал капацитет на крв, мора да има минимум 2 извидника во тимовите.

- Soldier, Војничето е дизајнирано по ракетните копнени сили во Втората Светска Војна. Целиот лик е интересен. Движењата му се буквално шашави и многу од моите другари на шега се прашуваа како гледа бидејќи шлемот му е испред очите. Често е користен поради предноста за лесно уништување на топовите поставени од инжињерите. Ја има способноста да се лансира самиот себеси во воздухот за поголеми скокови.

Има уште многу за зборување! Сеуште немам проверено ниедна пиратска верзија на играва бидејќи нон-стоп се надополнува и надоградува, но планирам да ја модифицирам мојава копија за да можат и другите да га користат. Бидејќи фонтот од TF2 има и

кирилична поддршка (не знам дали знаете ама има и Team Fortress 2 на руски) може и да ја преведам на македонски. Мал проблем. Инаку до токаш ви препорачувам, превземете ја играва, ќе подигнам сервер и здраво ќе се испукаме. Играва е жива зараза. Тука у Куманово, играчнициве да имаа саглам компјутери, а не канти кои едвај верглаат кантер 1.0, Team Fortress 2 дефинитивно ќе биде најиграна бидејќи привлекува сечие внимание. Погледајте го клипчево да ги видите ликовите во Акција.

Кликни Тука!

Поздрав.
Velko
Velko

Male Број на мислења : 61
Age : 34
Локација : City 17 Ruins
Registration date : 2007-10-13

Вратете се на почетокот Go down

Half-Life 2 Related - Page 2 Empty Re: Half-Life 2 Related

Пишување  Admin Вто Ное 20, 2007 1:38 am

Ја гледав турнир од 35 минута. Гледај, гледај, гледај, и не го догледав Smile
Admin
Admin
Admin

Male Број на мислења : 260
Age : 34
Локација : Тетово, пред компјутер.
Registration date : 2007-08-14

https://mkgamers.macedonianforum.net

Вратете се на почетокот Go down

Half-Life 2 Related - Page 2 Empty Re: Half-Life 2 Related

Пишување  WhiteDeath Вто Ное 20, 2007 9:47 pm

Ја земав епизодата 2 пред некој ден и навистина ми се допадна многу. Многу добро е направена графиката и ме фасцинираше што во делот за подесување на резолуција имаше и да си одбереш каков монитор имаш односно дали обичен или LCD. За двата типа имаш различни резолуции. то се однесува до тешкотите да тешка е и има некои делови каде што можеш многу да заглавииш. Јас ете теака заглавив на едно место и се уште не можам да се снајдам. Па так ако некој го минал нека каже што се прави коа ке стигнеш на мостот и коа ке влезеш во возилото. пробав да одам по мостот но тој се сруши делимично и послем немам пои кај да одам.
Инаку играта ја има кај типот што продава игри на електро факлутетот, за тие што се од Скопје.

Поздрав и ова беше мојот прв пост на форумот Wink
WhiteDeath
WhiteDeath

Male Број на мислења : 9
Age : 40
Локација : shtipsburk
Registration date : 2007-11-20

Вратете се на почетокот Go down

Half-Life 2 Related - Page 2 Empty Re: Half-Life 2 Related

Пишување  Velko Сре Ное 21, 2007 12:00 am

WhiteDeath напиша:нека каже што се прави коа ке стигнеш на мостот и коа ке влезеш во возилото. пробав да одам по мостот но тој се сруши делимично и послем немам пои кај да одам.
Инаку играта ја има кај типот што продава игри на електро факлутетот, за тие што се од Скопје.

Поздрав и ова беше мојот прв пост на форумот Wink

на мостот делува гравитацијата, така да земи го Gravity Gun-от и турни ги испокршените возила долу за да може мостот да се намести за да се мине со Автомобилот!

Тип шо продава игри? Пиратки претпоставуем Smile

Добредојде на форумот!
Velko
Velko

Male Број на мислења : 61
Age : 34
Локација : City 17 Ruins
Registration date : 2007-10-13

Вратете се на почетокот Go down

Half-Life 2 Related - Page 2 Empty Re: Half-Life 2 Related

Пишување  WhiteDeath Сре Ное 21, 2007 12:54 am

Oк фала на помошта.

Имаку типот продава пиратерија и можат да се најдат поновите игри кај него на двд за 100ден.
WhiteDeath
WhiteDeath

Male Број на мислења : 9
Age : 40
Локација : shtipsburk
Registration date : 2007-11-20

Вратете се на почетокот Go down

Half-Life 2 Related - Page 2 Empty Re: Half-Life 2 Related

Пишување  Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 2 of 2 Previous  1, 2

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот